fbpx

Нови избори се сигурни, се договара само кој ќе ги организира

-

Полека се исцртува физиономијата на она што е на маса во Брисел и во Клубот на пратеници, а тоа е дека избори секако ќе има, само нејасно е кога, и дека битката се бие околу тоа кој ќе ги организира.

Ако добро се анализира изјавата на премиерот Груевски дека „СДСМ треба да научи дека министри и премиер ќе може да избира тогаш кога ќе победи на избори и кога ќе ја добие поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија. Сè дотогаш нема да имаат можност ниту за министри во владата, ниту за премиер, затоа што ја немаат потребната доверба од мнозинството граѓани“, тој како да отвора два прозорци: едниот за избори, а другиот за некакво тело (експертска, натпартиска влада) кое би ги организирало таквите избори.

Во иста насока е и експресната реакција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој на оваа изјава на Груевски рече: „Идејата на СДСМ е токму таа. На избори што нема да ги организира Никола Груевски, преку преодна влада, да победи и да ја состави новата влада на Република Македонија“.

Навидум спротиставени, тие, сепак, меѓу редови, па дури и експлицитно, се согласуваат, прво, на „избори“, второ, дека Груевски дотогаш нема да си оди и трето, ни Груевски ни Шилегов не ја отфрлаат можноста тоа да го стори некое тело, влада, која нема да ја води ниту едната, ниту другата партија, со други зборови, некоја натпартиска или експертска влада.

Треба да се има предвид дека и двете страни велат дека ова се само разговори, дека допрва претстојат преговори и дека тоа отвора можност за нови натегања и за промени на форматот или формулата „како до избори“.

Утре во Скопје доаѓа еврокомесарот Јаханес Хан, кој треба да даде нов поттик на разговорите на четирите лидери, кои со променлив успех се водат во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...