fbpx

Намалена цената на 192 државни комерцијални стана, ќе се градат уште 292

-

Владата одлучи да ја намали цената на 192 комерцијални стана во Скопје, Охрид и во Струмица, изградени од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Во наредниот период во Скопје ќе се градат уште три згради, со 292 стана за комерцијална продажба.

– Најмногу, по 100 евра за еден квадратен метар, поевтинуваат становите во Охрид. Сегашната понудена цена на 40 станови што се на продажба во објектот „Расадник“ блок 2, од 700 евра, се намалува на 599 евра – информира денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во Скопје на продажба се 126 стана, чија цена се намалува за 30 евра по квадратен метар, односно од 880 евра за еден квадратен метар на 850 евра. Намалувањето на цената на становите во Струмица е за 70 евра по квадратен метар. Во Струмица се продаваат 26 станови лоцирани на улицата Ѓорѓи Василев и нивната почетна цена, наместо 570 евра по квадратен метар, изнесува 499 евра. За 5 евра за еден квадратен метар, од 598 на 523 евра, ќе биде пониска цената на уште неколку станови во овој град. Новите цени, во согласност со одлуката за намалување, се без пресметан данок на додадена вредност.

– Со оваа одлука немаме намера да го уриваме пазарот на недвижности, туку, напротив, сакаме да понудиме цени кои се подостапни за граѓаните заинтересирани да купат стан изграден од државата. Практично, со оваа одлука сакаме да ги доближиме граѓаните до проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“, преку кој, според последните бројки, досега се купени 470 станови – рече Јанакиески.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...