Момче нападнато и ограбено во Жена-парк

Дваесет и едногодишниот скопјанец Д.П. вчера, околу 19:50 часот, бил физички нападнат и ограбен во паркот Жена-борец.

Како што соопшти МВР, десетина непознати лица извршиле насилство над момчето, при што физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и со клоци, по што побегнале, а Д.П. забележал дека му го нема и рачниот часовник.

За настанот известени се инспектори од Единицата за насилен криминал и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.