Лимани ќе учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан

Оваа година се одбележува значаен јубилеј во историјата на нашиот регион — 10 години од започнувањето на Берлинскиот процес кој што не претставува само иницијатива, туку визија за иднината на Западен Балкан, преку промовирање на регионална стабилност, економски развој, соработка меѓу земјите и поддршка во евроинтеграциите

-

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани ќе учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан како дел од настаните организирани во рамки на Берлинскиот процес на 13-ти и 14-ти Октомври.

Лимани ќе се обрати на конференцијата насловена: „Декада на влијание: Младите го зајакнуваат регионот во рамките на Европскиот проект“ во Германија, заедно со министри на Владите од шесте земји од Западен Балкан, како и на Франција и Германија и претставници на Регионалните канцеларии за младинска соработка – RYCO.

Оваа година се одбележува значаен јубилеј во историјата на нашиот регион — 10 години од започнувањето на Берлинскиот процес кој што не претставува само иницијатива, туку визија за иднината на Западен Балкан, преку промовирање на регионална стабилност, економски развој, соработка меѓу земјите и поддршка во евроинтеграциите.

„Основањето на RYKO претставува особено важна платформа за младите во нашиот регион, затоа што игра клучна улога во поврзувањето на младите во регионот. И претставува едно од најголемите достигнувања произлезени од Берлинскиот процес“, велат во соопштението.

Во агендата на Министерот Лимани покрај учеството на панел дискусијата насловена: „Европскиот проект низ призмата на младите“, се и повеќе билатерални средби, се наведува во соопштението

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...