Малолетничките бракови во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

Проблемот со малолетничките бракови е во фокус на новата епизода на информативната емисија за млади „Шорткат“. Согласно податоците од организациите, тие се особено чести во средини каде што живее најсиромашното население. Освен што склучувањето брак влијае негативно врз здравјето на малолетните девојчиња, тоа е и една од причините што тие престануваат да се образоваат, затоа што од нив се очекува да се грижат за семејството и за домот.

Од почетокот на неделава Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го започна штрајкот во основните и средните училишта и градинките. Наставниците бараат поголеми плати, а учениците се оставени сами на себе.

Информираме и за дигиталниот регистар со А и Б-интегрираните еколошки дозволи што го објави Министерството за животна средина и просторно планирање, но и за најновата песна на рок-групата Пинк Флојд посветена на Украина. Потсетуваме и дека железницата во земјава продолжува да урива неславни рекорди според бројот на превезени патници.

Новото издание на „Шорткат“ ќе биде објавено вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.