Лицата со хендикеп имаат ограничен пристап до здравствените услуги

Лицата со посебни потреби во Македонија имаат ограничен пристап до здравствени услуги, иако во Македонија осигурениците имаат право на здравствено осигурување до навршување 26 години.

Ова го покажуваат резултатите од проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“, кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој „Преда плус“, во соработка со Здружението на студенти и на младинци со хендикеп.

„Постои група на лица со хендикеп кои се не се работоспособни, а има мал број компании кои сакаат да вработат лице со хендикеп. Поради тоа, оваа категорија на граѓани не е во можност да стекне здравствено осигурување по навршувањето 26 години. Оттука очигледна е потребата од ревидирање на законот за здравствено осигурување и од обезбедување бесплатни здравствени услуги за лицата со хендикеп“, велат од „Преда плус“.