Taравари: Или ќе се прошири „Мој термин“ или ќе има нова дигитализација

Тој напомена и дека веќе се разговарало и за користење телемедицина - консултации од дистанца

-

Министерот за здравство Арбен Таравари, при денешната посета на реновираните простории на Универзитетскиот институт за радиологија, кажа дека дека се работи на проширување на програмата „Мој термин“, или пак, можно е да има нова дигитализација.

„Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно и требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа и фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции“, кажа Таравари.

Тој напомена и дека веќе се разговарало и за користење телемедицина – консултации од дистанца.

„За одредени прашања пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Ако има потреба, потоа докторот би го повикал пациентот и да го прегледа физички“, кажа тој.

Во врска со компресорската станица на Клинички центар, министерот информираше дека најверојатно денеска ќе биде распишан нов тендер. За новата позитивна листа на лекови, пак, кажа дека се чека да се формира управен одбор на ФЗОМ, по што проблемот ќе биде решен.

„На првиот состанок на УО ќе бидат поминати деветте лекови што се веќе испратени од Министерството за здравство, а штом се помине таму, јас ќе ги потпишам истиот ден и ќе го промовираме и ќе го кажеме тоа“, рече Таравари.

 

САД, Европа и Русија не тестираат нуклеарно оружје од 1996 година

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на...