Летна распродажба на Игри на GOG каде Witcher 3 е на 80% попуст

Фото: Принтскрин, gog.com

Секоја година во два периода (околу Нова Година и за време на летото) на повеќето платформи за видео игри се одржуваат распродажби. Моментално почна распродажбата на GOG.com од 09.06 и трае до до 28.06.

Летните распродажби се одлична шанса да се купат најдобри наслови и да се направи мерак со некоја игра што сте сакале одамна да ја земете а сега е на огромен попуст. Една од тие игри е Witcher 3 која што е на попуст од 80% наместо да платите 40 евра можете да ја купите за екслузивна цена од само 8 евра. Исто така на големи попусти се и други бестселер наслови.

Иако Witcher 3 е една од најнаградуваните игри до денес воопшто и веројатно една од најдобрите RPG (Role Playing Game) игри и незиниот претходник играта Witcher 2: The Assassin of Kings Enhanced Edition е исто така една од подобрите RPG игри, а моментално се продава за смешна цена од 3 евра а редовната цена е 20 евра.

Но, најновата игра Cyberpunk 2077 не е на попуст. Играта имаше проблеми со багови, кои и покрај пачовите останаа присутни.

Се создаде премногу голем „хајп” за играта и кога ја пуштија во промет изгледаше како недоработена. Инаку, сепак станува збор за добра игра во стилот на книгите на Вилијам Гибсон. Додека книгите за Witcher на Анжреј Сапковски се поврзани тематски и со референци во игрите, самите Witcher игри нудат сосема нови и различни приказни. Тие доаѓаат со посебни бонус фајлови музика, слики и стрипови. Но и двата споменати наслови поттикнуваат читање на книги што е корисна активност во секој случај.