„кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“ – работилница за креативно пишување за млади

Работилницата ќе се одржи во КСП Центар Јадро, на 14 и 15 септември, а заинтересираните ќе имаат можност да создадат свој книжевен лик, употребувајќи дигитални алатки

Плата: Неформална група „Дума ин Сума“

Неформалната група „Дума ин Сума“, создадена од компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска, заедно со младиот визуелен уметник, Дарко Алексовски, организираат дводневна работилница за креативно пишување за млади од 15 до 19 години, насловена „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“.

Работилницата ќе се одржи во КСП Центар Јадро, на 14 и 15 септември, а заинтересираните ќе имаат можност да создадат свој книжевен лик, употребувајќи дигитални алатки.

Бројот на учесници е ограничен, а заинтересираните можат да се пријават на следниот линк.

Првиот ден од работилницата ќе помине во истражување на современа македонска книжевност, ќе се разгледуваат различни уметнички форми, а во вториот ден на работилницата, ќе се пишува и ќе се печатат фанзинови.

Мала книгичка, или фанзин е неофилцијално издание создадено ентузијастички и панкерски, по „направи сам“ техника, а обработува одреден културен феномен, како на пример литературен или музички жанр.

Работилницата е дел од јавниот конкурс „Цртај на македонски јазик“ 2023, објавен од Министерството за култура.