Јапан@мк: Утре се одржува аниме проекција, базар, караоке и дружење во „База42“

На 4 јули заедницата на љубители на јапонска култура ќе има шанса да погледне летно аниме „Тунелот на летото, излезот на збогувањата“ истовремено на три платна. Посетителите ќе можат да си набават шик парче урбана облека од јапонски брендови и уникатно рачно изработен накит

Фото: https://japan.net.mk/

Еден месец по завршувањето на фестивалот за јапонска култура „Сакура“, Јапан@мк продолжува со настани. Утре, на 4 јули, се организира аниме, дружење и мини базар во „Base42“ во Скопје, со почеток од 19 часот.

Овој пат во соработка со хакерскиот простор на „Бase42“ најавени се серија настани – ЈапанХ42, кои ќе се одвиваат еднаш месечно.

Утре заедницата на љубители на јапонска култура ќе има шанса да погледне летно аниме „Тунелот на летото, излезот на збогувањата“ истовремено на три платна. Посетителите ќе можат да си набават шик парче урбана облека од јапонски и македонски брендови на штандот на Platform 0.10, уникатни рачно изработен накит од брендовите Factory girl и Chaotic Dolls и маички, накит и фигури со аниме содржина од АнимеСторМК.

По проекцијата присутните ќе можат отворено да дискутираат за насоките во кои заедницата ќе се развива и какви настани ќе се подготвуваат во иднина.

Членовите не Јапанетмк ќе подготват и штанд со лимонада за собирање средства и предлози за идни настани за заедницата.

The Tunnel to Summer, the Exit of Goodbyes
The Tunnel to Summer, the Exit of Goodbyes

Настанот ќе заврши со караоке на јапонски песни.

Вклучувањето на ентузијасти во градењето на оваа субкултура од Јапанетмк го сметаат за најважен аспект од нивното постоење и секогаш нагласуваат дека се отворени за соработки и промоции на оние кои се заинтересирани да се приклучат и да придонесат кон градењето на заедницата и ширењето на нивните вредности.