fbpx

Јаневска: Децата со посебни образовни потреби треба да се идентификуваат со нивните потенцијали

Во овој процес, прв наш партнер ќе бидат родителите, кои во изминатиот период, во секоја пригода јасно кажуваа дека од државата не очекуваат сожалување туку конкретна поддршка за да обезбедат напредок на своите деца, кажа Јаневска

-

Иклузивното образование е сериозен и повеќеслоен предизвик, што бара посветена и тимска работа, посочи министерката Весна Јаневска, на настанот „Разговори за еднаквост“, организиран од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Зборувајќи за децата со посебни образовни потреби, Јаневска кажа дека лично ќе се заложела тие да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што со помош на образованието ги развиле.

„Во овој процес, прв наш партнер ќе бидат родителите, кои во изминатиот период, во секоја пригода јасно кажуваа дека од државата не очекуваат сожалување туку конкретна поддршка за да обезбедат напредок на своите деца. Не смее да продолжат политиките кои од образованието место можност направија пречка за напредок на овие деца. Затоа ќе ги вклучиме и практичарите-наставниците, стручните служби, образовните асистенти, имаме специјализирани институти“, додаде Јаневска.

Таа најави и зголемување на боројот на образовни асистенти, како и подобрувања кај средното образование за учениците со попреченост, а кажа и дека на учениците со комплексни потреби, средното образование ќе им овозможи развивање животни вештини и оспособување за работа согласно со нивните можности и афинитети.

„За да ја зголемиме инклузијата кај уште една ранлива категорија – децата Роми, за нив ќе ја продолжиме и зголемиме поддршката, така што ќе обезбедиме поголем број образовни медијатори како и ученички стипендии“, изјави министерката.

Avatar
Марио Спасевски
Новинар, Подкастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето...

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември...