Иран ги бомбардира Ирак и Сирија, војната во регионот ескалира

Иран тврди оти воената цел во Сирија е поврзана со Исламската држава (ИСИС), а дека во Ербил се наоѓа шпионски центар на Израел

Фото: Khamenei.ir, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Иранската револуционерна гарда, односно главната гранка на иранската војска, лансираше ракети во Сирија и во градот Ербил во Ирак, главен град на полу-автономниот регион Курдистан. Иран тврди оти воената цел во Сирија е поврзана со Исламската држава (ИСИС), а дека во Ербил се наоѓа шпионски центар на Мосад, разузнавачката агенција на Израел.

Според Иран, нападот е одговор на скорешниот самоубиствен напад во Техеран, главниот град на Иран. Имало повеќе од 80 загинати лица, од кои повеќето оделе кон гробишта за втората годишнина на смртта на познaтиот генерал Сулејмани.

Четворица загинале во нападот во Курдистан, а осуммина биле повредени.

Исламската држава изјави оти нападот бил нивно дело, но Иран сепак тврди дека зад нападот стои Израел.

Ирак остро го критикуваше нападот и е подготвен да поднесе жалба во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Министерот за надворешни работи на Иран тврди дека ја почитуваат сувереноста на околните држави и дека таргетирале легитимни воени цели кој се во безбедносниот интерес на Иран.

Портпаролот на Стејт департментот изјави оти нападите се непромислени и сериозно го загрозуваат интегритетот на Ирак.

Овие напади доаѓаат додека расте стравот дека војната во Газа ќе прерасне во регионална војна, особено откако Израел изврши напад во центарот на главниот град на Либан.

Сепак, министерот за одбрана на Израел изјави дека „интензивната фаза“ на израелската офанзива во северот на Газа е завршена и дека очекува наскоро да заврши во јужниот дел. Сепак, во последните 24 часа убиени се 24.285 Палестинци.