Играта „Destiny 2“ е бесплатна за преземање на Epic Games

На почетокот на играта, помеѓу првите сцени има отворен свет со полиња и непријателски кампови, што се речиси исти како во нивото Plains of Eidolon на „Ворфрејм“

Како предновогодишен подарок, платформата за игри Epic Games ја подарува играта „Destiny 2“ со сите нејзини експанзии. Играта, која чини 60 евра, може да ја земете до 20 декември сосема бесплатно. Oва е трејлерот:

Оваа игра од девелоперите „Bungie“, е излезена по излегувањето на „Ворфрејм“ од фирмата „Дигитални екстреми“, за која имаме и претходни написи. И „Destiny“ 1 и 2, имаат дизајни на нивоа, кои е речиси идентични на тие од „Ворфрејм“. На пример, на почетокот на играта, помеѓу првите сцени има отворен свет со полиња и непријателски кампови, што се речиси исти како во нивото Plains of Eidolon на „Ворфрејм“. 

„Ворфрејм“ се игра во трето лице цело време, но во „Destiny 2“, перспективата се менува. Поголем дел од играта наликува на класична „пукачка игра”. Фонтовите користени во бројки кои покажуваат колку штета нанесувате на непријателите, се премногу слични со графичкото решение на арт-дизајнерите во „Ворфрејм“ за истата карактеристика. 

Оние кои ги играле и двете игри, ги споредуваат концепциски и со трета игра – Fantasy Star Online во начинот, изборите и можностите како и законитостите во играта. Сепак, оваа игра е фантастика, а „Ворфрејм“ и „Destiny 2“ се научна фантастика и сајберпанк игри. Сепак се работи за доста квалитетна игра во која има и гротескен дизјан на чудовишта и непријатели, исто како во „Ворфрејм“ со таа разлика што „Destiny“ содржи и пораскажувачка приказна со побогат наратив од квестовите на „Ворфрејм“. 

Сепак, ова е одличен предновогодишен подарок од Epic Games. Потсетуваме дека не мора да се симне играта веднаш за да се добие, туку доволна е „клејм“ опцијата што ќе ви ја смести во „библиотеката” од ваши игри на Epic Games. Може да се инсталира кога сакате или кога ќе имате повеќе слободно време за играње.