И попладнево голем број дојави за бомби во училишта во Бугарија

Извор на фотографија: Vassia Atanassova - Spiritia - Собствена творба, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=53933669

Трендот на дојави за поставени бомби во основни и средни училишта во Бугарија, кои се покажуваат лажни продолжува и денеска во Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР).

Лажни дојави за бомби како закана за изборниот процес во Бугарија, може да влијаат на одѕивот на гласачите

Слично како со лажните дојави за бомби во Македонија, и во Бугарија цел на овие закани и сеење паника не е само главниот град Софија, туку денеска дојави имаше и во приморскиот град Бургас (17 дојави, 16 училишта евакуирани и затворени).

Во Софија, трет ден по ред, повторно имаше лажни дојави, овој пат за 35 училишта.

Закани за поставени бомби имаше и во други бугарски градови, вклучувајќи ги Стара Загора, Добрич и Варна.

Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата