fbpx

И денеска дојави за бомби во 12 скопски училишта

-

Кратко пореметување на наставата и денеска имаше во некои од скопските училишта. На електронските адреси на 12 скопски училишта и денеска биле испратени закани за поставена експлозивна направа. Од Министерството за внатрешни работи (МВР), за Мета.мк потврдија дека полицијата презела мерки за безбедно евакуирање на објектите и извршила антитерористички проверки.

Лажните дојави за поставени бомби се појавија повторно по почетокот на второто полугодие од школската година, а може да се забележи дека речиси и да нема работен ден кога нема испратени закани за поставена експлозивна направа. Во случај на дојава, учениците и вработените од училиштата се евакуираат, а за време на антитерористичките проверки во прекин е одржувањето на наставата.

Неделава четири дена по ред до мејловите на одредени училишта беа испраќани закани за поставена експлозивна направа. МВР по секоја дојава е приморана да врши проверка на објектите. Вчера 18 училишта во Скопје и Куманово добија лажни дојави, завчера 16 скопски и четири прилепски училишта. Во вторникот, лажни дојави за поставени експлозивни направи во едно скопско училиште добија 14 професори.

Во Македонија лажните дојави за поставени бомби првпат се појавија на 26 октомври лани. Испраќањето на лажни дојави за бомби во Македонија започна откако претходно и други балкански земји се соочија со овој тип на хибридна закана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...