fbpx

Груевски: Заев сака да дојде на власт преку криза

-

Зоран Заев со пуштањето креирани материјали, ја фалсификувал волјата на граѓаните, кои со разлика од 200.000 гласови гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Мустафа Ќемал Ататурк“ во Пласница.

Прашан за снимката од неговиот кабинет што вчера се појави на интернет, Груевски рече дека Заев пред изборите бил свесен дека СДСМ ќе изгуби убедливо од анкетите што сам ги нарачал и дека тоа ќе биде со повеќе од 150.000 гласа.

– Оние што се разбираат од анкети, а политичарите се разбираат доста, точно знаат што значи разлика од седум или осум проценти. Тоа покажува дека за целиот период на кампањата, раководството на СДСМ изнесувало лаги дека водат, дека се блиску, дека сме изедначени, дека ќе победат и дека од 27 април СДСМ ќе стапи на власт. Всушност, тие знаеле дека им следува огромен пораз и цело време глумеле и лажеле. Тоа што го прави Заев, мене ми личи на онаа стара Бранкова школа: да се дојде на власт преку криза – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...