Фестивалот „Sound of Green“ утре во МКЦ

Ќе настапуваат Мојра, Игор Џамбазов и Гуру Харе, швајцарските DJ Alex Nantaya и Orphia. Влезницата на еко-фестивалот симболично ќе се добијат во замена на пластично шише или лименка

Фото: Пакомак

Фестивалот и еко настан „Sound of Green“, во организација на Пакомак, ќе се одржи утре во МКЦ.

Настанот ќе започне во 20:30 часот на две сцени, односно во паркот зад МКЦ и пред бифето. Ќе настапат локалните Мојра и Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот. На утрешниот фестивалот, кој е организиран во соработка со Швајцарската амбасада, ќе вклучува гости од централноевропската земја, односно Orphia и DJ Alex Nantaya.

Дополнително, пред почетокот на музичката програма, во 19 часот, во МКЦ ќе биде отворена изложбата „Чиста технологија – швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“.

Фестивалот нема да има вообичаена влезница. Посетителите ќе ја добијат влезницата со приложување на пластично шише или празна лименка или ако ја инсталираат Пакомак апликацијата нивниот мобилен телефон.

„И оваа година „Sound of Green“ ќе понуди одлична забава. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека нашата цел со овој музички настан е да ја подигнеме еколошката свест кај младите, а воедно и да им понудиме квалитетна забава. Преку овој фестивал ја праќаме пораката дека селектирањето на амбалажниот отпад и рециклирањето треба да ни станат дел од секојдневната рутина. Ги повикуваме нашите сограѓани да ни се придружат, да донесат празни шишиња или лименки а ние ќе се погрижиме за нивното рециклирање“, изјави Ико Брдароски, заменик извршен директор на Пакомак.

Поддржувачи на настанот „Sound of Green“ за 2024 година се Макстил, Факултетот за  туризам и менаџмент и МКЦ.