Европскиот суд на правдата му нареди на „Епл“ да плати 13 милијарди евра заостанати даноци

Европскиот суд ѝ нареди на технолошката корпорација да ѝ плати заостанати даноци на Ирска

-

Европскиот суд на правдата (ЕСП) ѝ нареди на технолошката корпорација „Епл“ (Apple) да ѝ исплатени заостанати даноци вредни 13 милијарди евра на Ирска, пренесува Би-би-си.

Европската комисија ја обвини Ирска дека ѝ дала незаконски даночни олеснувања на „Епл“. Низ годините, Ирската влада континуирано тврдеше оти нема потреба да се плати данокот.

ЕСП соопшти дека неговата одлука по ова прашање е финална. Ирската влада изјави дека ќе ја почитува пресудата, додека „Епл“ соопшти дека е разочаран од одлуката и ја обвини Европската комисија дека „се обидува ретроактивно да ги промени законите“.

Пресудата се однесува за тоа како бил оданочен профитот на две филијали на „Епл“ во Ирска во периодот од 1991 до 2014 година. Се смета за незаконски тоа што „Епл“ имале одредени олеснувања кои не биле достапни за други фирми.

Првичната пресуда во 2016 година дојде во време кога Европската Комисија се обидуваше да ги спречи мултинационалните гиганти да користат финансиски „трикови“ за да ги намалат нивните даночни обврски. Првичната пресуда беше поништена од понискиот суд на ЕСП во 2020 година, по жалбата на Ирска. Таа пресуда сега беше поништена од повисокиот суд.

„Епл“ тврди дека немале „специјален договор“ за да плаќаат помалку даноци.

Ирска има една од најниските стапки за корпоративен данок во Европската Унија, што ја прави атрактивна земја за мултинационални корпорации. Токму затоа Ирска се бореше против тоа да ѝ биде отплатен заостанатите даноци од „Епл“, за да ја задржи својата позиција како земја која е пријателски настроена со големите корпорации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Унгарскиот заем и должничката позиција на државата

Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра –...