Photo by Lukas on Unsplash

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека дека денеска Европската комисија го усвоила националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ, порачува МЗ.

Според изнесеното во соопштението, со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за ковид-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација.