Експерти на ОН бараат Европа да ги отвори границите за мигрантите

Европските лидери треба да покажат поголема отвореност и да им помогнат на мигрантите наместо да користат јазик со кој ги потиснуваат нивните права, изјавил денеска специјалниот известувач на Обединетите нации за човекови права на мигрантите, Франсоа Крепо.

„Зборувањето за „мародери“ и „роеви“ е несоодветен начин за потиснување на нивните права, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на Крепо, во која тој додава дека европските земји треба да ги отворат каналите за влез како и пазарите за труд бидејќи градењето огради нема да ги запре мигрантите да доаѓаат.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, вчера од Србија во Унгарија влегле 2.093 бегалци, што е рекордна бројка за еден ден.

Инаку, Унгарија, која е земја членка на Европската унија (ЕУ) планира да подигне ограда на границата со Србија долга 175 километри со цел да ги запре мигрантите да влегуваат во земјата.