Две држави спуштија рампа за претседателската кандидатура на Трамп

Конечниот збор е на Врховниот суд на САД

-

Американските сојузни држави Колорадо и Мејн пресекоа дека поранешниот претседател на САД Доналд Трамп не може да биде избран за кандидат за претседател на САД на нивната територија. Сепак, тоа не е конечно решение, оти Трамп има право на жалба пред Врховниот суд на САД.

Тоа ќе значи дека не ќе може да се бори за поддршка на неговите гласачи на примарните избори, на кои всушност се решава, држава по држава, за партиската или индивидуалната претседателска кандидатура. Дури потоа се одржуваат претседателските избори на кои кандидатите се борат за местото во Белата куќа.

Прво Врховниот суд на Колорадо во вторникот, според Уставот на САД, го прогласи Трамп за непогоден за Белата куќа поради уставната одредба за кревање востание и го отстрани од листата на можни кандидати за примарни избори во државата. Ваквата одлука на највисокиот суд на сојузната држава сега ќе биде преиспитувана од Врховниот суд на САД.

Трамп се бори за претседателска кандидатура од Републиканската партија.

Одлуката на Врховниот суд на Колорадо беше со 4 спрема 3 гласа против. Одлуката се темели на членот 3 од 14. амандман на Уставот на САД, поради поттикнување на протестите и дивеењата на Капитол на 6 јануари 2021, кога Трамп ги загуби претседателските избори.

Иста одлука вчера донесе и Државниот секретар на сојузната држава Мејн, Шена Белоус (демократ). Нејзината одлука е донесена со идентично образложение како тоа во Колорадо. Сепак, и за оваа одлука ќе треба да решава највисокиот суд – Врховниот суд на САД.

Инаку, погледнато историски, во државата Колорадо главно се гласа за претседателските кандидати на Демократската партија, додека во Мејн изборите секогаш се неизвесни.

Во однос на останатите држави и правниот статус на Трамп во однос на 14. уставен амандман, Калифорнија, по потегот на Мејн, реши дека Трамп може да се бори на примарните избори.

Се очекува државните раководители или органи на другите сојузни држави да ја оспорат примарната кандидатура на Трамп или воопшто да не почнат постапка што би му ставила сопка.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...