До крајот на ноември ќе се прибираат понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Izvor: Ministerstvo za gradeznistvo, transport i infrastruktura na Srbija
Izvor: Ministerstvo za gradeznistvo, transport i infrastruktura na Srbija

Јавното претпријатие за државни патишта го објави вториот по ред тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. До 29 ноември ќе биде отворен тендерот за доставување на понуди од заинтересираните градежни компании, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач.

Финалната цена по која ќе се гради трасата долга два километри ќе биде позната по отворањето на понудите. Првичниот тендер беше поништен пред неколку дена од ЈП за државни патишта, поради фактот што на тендерот била доставена само една понуда со цени за изведба што го надминуваат буџетот предвиден за изградба на првата фаза.

Трасата од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце ќе се гради со сопствени средства на ЈП за државни патишта. Со првата фаза е планирано да се изгради и клучката, со која ќе се поврзе новиот автопат со локалниот пат за селото Блаце, се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки. Рокот за изведба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце е 18 месеци.

Автопатот Скопје – Блаце ќе се гради во две фази, за што е предвидено да се одвојат околу 110 милиони евра. Втората фаза треба отпочне со реализација догодина. Целиот автопат долг 12,5 километри треба да се заврши до 2023 година.