Џафери го закажа продолжението на Конститутивната седница на Собранието, се очекува неговиот избор

Претседавачот со Конститутивната седница на новиот состав на Собранието, Талат Џафери, за денеска во 12 часот го закажа продолжението на Конститутивната седница, на која треба да се избере претседателот на Собранието.

Група од 62 пратеници доставија Предлог за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, односно се очекува парламентарното мнозинство составено од коалицијата „Можеме“ на СДСМ – во која е и Беса, заедно со ДУИ и ДПА, да го изгласаат предлогот со кој Талат Џафери повторно ќе ја врши функцијата што ја извршуваше и во минатиот мандат.

По изгласувањето на новиот претседател на Собранието, се очекува наскоро да закаже седница за избор на новата влада. Рокот за поднесување предлог за избор на новата влада од мандатарот Зоран Заев истекува на 2 септември.