Дали Галетановски повторно ќе биде директор на ЗОО – тој е единствен пријавен на конкурсот

Галетановски успеа да ја воздигне Зоолошката градина, таа стана атрактивна за најмладите и го постигна рекордот во посетеност, а под негово раководство оваа установа доби статус на кандидат за член на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) - статус кој го загуби по неговото заминување

-

Ѓорги Галетановски, поранешниот директор на скопската Зоолошка градина е единствениот пријавен на конкурсот распишан од Град Скопје за директор на јавната установа. Конкурсот трае до утре, а Галетановски потврди дека се пријавил.

„Поднесов документи на огласот на Град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве, но најмногу поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и Советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на ЗОО Скопје од политички влијанија“, изјави Галетановски.

Тој ја водеше скопската Зоолошка градина во периодот кога градоначалник на Град Скопје беше Петре Шилегов. Галетановски успеа да ја воздигне Зоолошката градина, таа стана атрактивна за најмладите и го постигна рекордот во посетеност, а под негово раководство оваа установа доби статус на кандидат за член на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) – статус кој го загуби по неговото заминување.

Обидите на градоначалничката Арсовска понатаму да постави соодветен човек на оваа позиција не се покажаа како најуспешни.

Угинаа голем број животни, а за многу од нив се криеше од јавноста. За бројот на угинати животни и причината за нивната смрт, ЗОО Скопје одбиваше да ни даде одговори.

Скопската зоолошка градина го крие бројот на угинати животни

По Галетановски, на негово место дојде Кристијан Стаменов, а тогаш изби скандалот што го објави Мета.мк – дека во дворот на Зоолошката градина се колат десетици коњи, добиени од Агенцијата за управување со одземен имот, и им се даваат како храна за животните. По ова, разрешен беше тогашниот директор Стаменов и поставен нов – Драган Илиевски. Дека неговото поставување е незаконско се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи, според антикорупционерите, Арсовска именувала лице кое не било вработено во оваа јавна установа што е спротивно на чл. 31 од Законот за култура, кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци. Потоа, за само една година, на ова место беше поставен нов, трет директор, Зоран Попов, кој исто така не беше од редот на вработените, а веќе има три мандати како в.д. директор.

Во меѓувреме, стигна и веста дека земјава го загубила кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Како што веќе беше објавено, причините за губање кандидатски статус било прекин на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, двегодишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фон дер Лајен го претстави новиот состав на Европската комисија

Претседателката на Европска комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го претстави новиот состав на ова тело. Политичкото тргување го одложи претставувањето на тимот на Фон дер Лајен, откако таа беше...