fbpx

ЦУК: Пожарот кај Василево е активен, се шири кон Сушево и Злеово

Пожарот се разгорува и се приближил во непосредна близина на селото Сушево, додека се шири и кон селото Злеово, поради што за гаснење е употребен полициски хеликоптер

-

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на Општина Василево е сè уште активен, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму велат дека пожарот се разгорува и се приближил во непосредна близина на селото Сушево, додека се шири и кон селото Злеово, поради што за гаснење е употребен полициски хеликоптер.

На терен се екипи за струмичката противпожарна единица.

Претходно од ЦУК информираа дека целосно се изгаснати девет пожари на отворено во општините, Гази Баба, Карпош, Кавадарци, Битола, Охрид и Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата со нов закон ќе ги укине економските директори во здравствените установи

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. „Оваа промена има...