fbpx

Последици од невремето: поплавени куќи и подруми, паднати дрва, уништени автомобили

Поплавени се сите подрумски простории на Клиничката болница Тетово, информира ЦУК

-

По вчерашното невреме што ги зафати Скопје, Гостивар и Тетово околу 16.30 часот, од Центарот за управување со кризи (ЦУК), информираа дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК биле добиени пријава на настани во врска со поплавени куќи и подруми, заглавени коли под подвозници, поплавени улици, патишта, паднати дрва…

„На повеќе улици на градот забалежено е поплавување на голем број подрумски простории. Исто така има поплавено улица кај 172, кај Голема Речица, подвозникот кај Авто школа Уно-1, истовремено има заглевено комбе под подвозникот. Поплавени се сите подрумски простории на Клиничката болница Тетово“, информира ЦУК.

По барање на Комадирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети да биде исклучен од електрична енергија целиот град Тетово од страна на дежурната служба на ЕВН биле известени дека само половина Тетово е без напон и дека не можат да ја исклучат електричната енергија за целиот град, туку само каде што има поплавени куќи или подруми, или каде што има искри од бандери се оштетени од невремето.

„На терен активно работат екипи од ЈКП Тетово и ТППЕ Тетово кои со помош на пумпи вршат испумпање на водатат од поплавените простории“, информира ЦУК.

Поради невремето голем дел од Тетово како и околните населени места останале без електрична енергија.

„На сите пријавители на поплавени куќи и подруми од наша страна им е сугерирано да ја исклучат елекетричната енергија во својот дом за да не дојде до спој и несакани последици сè додека не се испумпа водата од поплавените објекти. Во реоните каде што се интервенира од страна на ТППЕ Тетово и ЈКП Тетово во испумпување на водата, а каде што има проблеми со електричната енергија (паднати бандери, искрење и сл.) во координација со ЕВН ќе биде исклучена електричната енергија во времетраење на испумпување на водата од објектите“, информира Центарот за управување со кризи.

Во Тетово, бил регистриран и настан од поплавена куќа во Тетово во која слегувајќи по скалите во подрумот сопственичката се лизнала по скалите и се здобила со полесни повреди на главата и крварење на истата.

Од страна на Градоначалникот на Општина Јегуновце Г-дин Димитар Костадиновски од ЦУК биле известени дека во с.Сиричино има поплавено 10-ина куќи, подрумски простории и дворови.

„Истиот бараше помош од ТППЕ Тетово, но поради проблемите настанати во градот ТППЕ Тетово не се во можност да помогнат во реонотна Општина Јегуновце. Моментално ТППЕ Тетово со 15 пумпи и сите расположиви сили интервенира етапно во градот и поради големиот број на пријавени настани не се во можност веднаш да интервенираат на сите места. На пријавителите од наша страна им е сугерирано да имаат трпение“, велат од ЦУК.

Во разговор со дежурната служба на ЕВН добиена е информација дека моментално се врши проверка на мрежата и доколку е сè во ред ќе се пушти струја.

И во Скопската котлина вчера во попладневните часови, на единствениот број за итни повици Е-112 имало стотици пријави. Според ЦУК, пријавени се паднати дрва, паднати гранки врз жици на далекувод, наноси на песок на патот, паднати дрва врз покриви од градинки, автомобили и трансформатори, заглавени возила во вода, поплавени куќи и подруми, паднати огради, запушени шахти, прекин на електрична енергија, застој на сообраќајот поради паднати дрва….

„За сите добиени информации Секторот за операции и координација на ЦУК ги известува надлежните институции коишто излегуваат на терен и интервенираат по приоритет, според нивни стандардни оперативни процедури. Дел од штетите се санирани, а дел ќе се санираат од страна на надлежните институции во текот на ноќта“, информираа доцна вечерта од ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...