Андреа вечерва настапува на Евровизија, Северна Македонија со мали шанси за пласман во финале

фото: evrovizija.mrt.com.mk

Македонската претставничка Андреа вечерва ќе настапи во второто полуфинале на Евровизија. Под реден број 11, песната „Circles“ ќе биде изведена на Пала Олимпико арената во Торино, Италија. Според најавата и видеото од пробните изведби, Андреа на сцената ќе настапи сама.

Од вечерашните вкупно 18 учесници, во финалето што ќе се одржи во сабота ќе се пласираат десетмина. Според обложувалниците, Северна Македонија има најмали шанси за победа на Евровизија, додека шансите за влез во финалето се оценети на 9 проценти.

Инаку, по инцидентот со фрлањето на македонското знаменце кое предизвика бурни реакции во јавноста, Македонската радио-телевизија (МРТ) најави дека ќе ја разгледа опцијата за повлекување на Северна Македонија од овогодинешниот избор за песна на Евровизија.

Големото финале на Евровизија ќе се одржи во сабота со почеток во 21:00 часот, кога ќе настапат вкупно 35 земји учеснички. Фаворит за победа е украинската песна „Стефаниа“ иведувана од фолк-рап бендот „Калуш оркестра“.

Преносот на Евровизија во земјава го врши МРТ.

Андреа ќе настапи на Евровизија, но можеби тоа ќе биде крај за учествата на Северна Македонија