Активисти во Нови Сад приведени од полицијата, протестираа против изградбата на мост

-

Десетици активисти од еколошката иницијатива за заштита на паркот на природата Шодрош вчера беа спречени од српската полиција за да протестираат против изградбата на нов мост во Нови Сад. Барањата на активистите се да им се покаже како ќе изгледа идниот мост, на кој начин би влијаел тој врз природата во Шодрош, како и дали кинеската компанија-изведувач на проектот ги има сите неопходни дозволи и документи за изградба на мостот, пишува српскиот весник Данас. Тие тврдат дека во паркот има над 200 заштитени растенија и животни според Бернската конвенција.

Вчера започнала изградбата на четвртиот мост на реката Дунав во Нови Сад од страна на кинеската компанија „Чајна роуд енд бриџ корпорејшн“, но наместо одговори од српските власти, полицијата изминативе денови почна да приведува активисти кои беа дојдени да го спречат почетокот на изградбата на мостот. Деновиве беа приведени 15-тина активисти, а српската полиција поднела и 11 прекршочни пријави поради тоа што активистите го „нарушиле јавниот ред и мир“. Поднесени се и две кривични пријави против активистите за наводно насилство против службени лица.

Активистите вчера се обидоа да ја срушат градежната ограда поставена од кинескиот изведувач на работите на што полициските службеници жестоко се спротивставија. И во текот на денешниот ден полицијата не им дозволува на активистите да пристапат до локацијата на градба каде што се сечат дрвја во паркот на природата крај Дунав. Нов протест во Нови Сад против изградбата на мостот низ Шодрош ќе се одржи во недела од 16 часот.

Претставници на граѓанската иницијатива за заштита на паркот на природата Шодрош денеска отидоа и во Белград каде се обидоа да ги искажат своите барања во српскиот парламент. Иако беа повикани од опозициските пратеници, на нив не им беше дозволен влез во Собранието, јавува Н1.

„Нашата акција започна пред повеќе од една година, и ние од институциите, преку улицата дојдовме и до шумата. Идејата е да се обратиме на пошироката јавност во холот на Народното собрание на повик на опозициските пратеници. Но, не нѝ беше одобрен влез во Собранието“, изјави Маријана Мутавчиева од иницијатива за заштита на паркот Шодрош.

Доколку се докаже дека не е испочитувана целокупната постапка за изградба на мостот, активистите бараат неговата изведба да се сопре и да се помести трасата на овој мост на друго место со што нема да се загрози природата во Шодрош.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...