Лидерска средба: СДСМ бара преодна влада и гаранции за договореното

Нема напредок во вториот дел од втората лидерска средба, брифираат извори од СДСМ.

Според нив, тие предлагаат два моменти за излез од политичкиот ќор-сокак: прво, договор за задолжително формирање преодна влада и второ, гарантирање на условите кои би биле утврдени при евентуалниот договор.

Дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА настапуваат со заеднички став оти е потребно формирање на собраниски комисии за расветлување на прислушуваните разговори и наводните индикации за корупција.

Исто така, дознаваме дека амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, се уште се само набљудувачи на разговорите.