Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Еден од главните новитети во играта е новата класа „Spiritborn“ која што дава уникатен стил на играње што не сме го виделе досега во франшизата „Диабло“

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од самото лансирање на играта.

Еден од главните новитети во играта е новата класа „Spiritborn“ која што дава уникатен стил на играње што не сме го виделе досега во „Диабло“ франшизата. Впрочем, и главната премиса на новата класа е револт во еколошка смисла. Вие сте еден шаман којшто живее во шума, со моќи да повикувате духови во облик на животни кои ќе ви помагаат во борба.

 

Кога станува збор за техничките промени на играта, „Spiritborn“ е и забавна класа за играње и визуелно делува одлично. Повеќето играчи ја следат метата (актуелни комбинации на редење способности и нивна најефикасна употреба) и дури се стига до ниво каде што со еден удар можете да ги победите непријателите со „Touch of Death“, со чие континуирано непрестајно повторување може да ги победите и најсилните финални непријатели.

Ова се случи и во првата Диабло игра од каде што и дојде изреката „Досадно е да убиваш сè само со еден удар”, бидејќи тогаш можеше да се стане толку моќен што ништо не беше непобедливо.

Едно од најпознатите оружја што беше чиста среќа да се падне додека собирате ресурси беше „The Grandfather Sword“:

 Diablo 4 Necromaser Eldritch - Grandfather Sword -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Првично кога беше најавено дека „Spiritborn“ класата ќе користи дупол сет на оружја, се мислеше дека ќе може во едната рака да има „Grandfather Sword“, но, за жал, тоа не се оствари. Најновата класа користи само Polearm, Staff и Glaive. Односно, не можете да користите дупло оружје, туку само едно големо.

Како што беше и во претходната мета, кај класата „Rogue“, капата „Andariels Vissage“ уште игра главна улога и за најновата мета како потребен предмет за најдобриот билд.

Diablo 4 Rogue Andariels Visage скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Исто така, додадени се и нови оружја и оклопи, што предизвикуваат „Berserking“ што се користи од повеќе класи, капа што зголемува напад, и многу повеќе, како на пример оклоп за тело што ве прави невидливи ако не мрдате две секунди. 

Воведени се и „Руни за моќ”, систем којшто фановите го бараа уште многу одамна. Сè е објаснето во видеото подоле:

Но, што со играчите што не ја купиле експанзијата?

Лимитот ќе ви биде до ниво 60, и ќе можете да прогресирате без ограничување со парагон левели. Иако на прв поглед мислите дека сè ново е ускратено – не е така. Играчите без експанзијата имаат пристапо до Сезона 6 за основните скинови, но на голема радост на сите им се нуди целосен сет.

Така што, и да ја немате експанзијата, која во најефтина варијанта моментално чини 40 евра, а веќе ја имате само Диабло 4, можете да играте со пријатели што ја имаат во сезона 6.