Во тек е повик за обука за спасители во скијалишта

Станува збор за повик за обука на спасители на скијалишта, каде учесниците ќе имаат можност да се обучат во прва помош, евакуација од жичара и возење на аки чамец

-

Македонското здружение на спасители во скијалишта (МЗСС) објави повик за нови членови кои ќе бидат дел од тимот на ски патролери. Станува збор за повик за обука на спасители на скијалишта, каде учесниците ќе имаат можност да се обучат во прва помош, евакуација од жичара и возење на аки чамец.

МЗСС е состав од врвни професионалци, односно специјализиран кадар во областа на скијањето и медицината. Дел од него се искусни спасители специјализирани за пружање прва помош и евакуација од жичара. Спасителите се грижат и за организација и безбеден транспорт на повредени лица.

Заинтересираните кандидати е потребно да аплицираат на овој линк, а повеќе информации може да дознаат на телефонскиот број 078 533 331 или на е-адресата [email protected]

Македонското здружение на спасители во скијалишта е член на Интернационалната федерација на ски патролери.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...