Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на Општина Василево е сè уште активен, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од таму велат дека пожарот се разгорува и се приближил во непосредна близина на селото Сушево, додека се шири и кон селото Злеово, поради што за гаснење е употребен полициски хеликоптер.
На терен се екипи за струмичката противпожарна единица.
Претходно од ЦУК информираа дека целосно се изгаснати девет пожари на отворено во општините, Гази Баба, Карпош, Кавадарци, Битола, Охрид и Куманово.