fbpx

Хантер Бајден прогласен за виновен за нелегално купување оружје

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе ја прифати конечната пресуда и дека нема да го помилува својот син доколку е кривично осуден

-

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, беше прогласен за виновен од 12-члена порота за нелегално купување оружје. Бајден дал лажна изјава за некористење дрога кога купувал пиштол во 2018 година, пренесува Би-би-си.

Судењето на Хантер Бајден претставува прво кривично гонење на дете на актуелен американски претседател. Доколку тој е кривично осуден, можно е да служи затворска казна од 15-21 месец.

Џо Бајден не беше присутен за судењето, но првата дама Џил Бајден, како и жената и децата на Хантер, редовно беа на судењата. Американскиот претседател отиде до Делавер да се сретне со својот син по пресудата.

„Јас сум претседател, но сум и татко. Јас и Џил го сакаме нашиот син и многу сме горди на човекот кој е денес. Ќе ја прифатам конечната пресуда на овој случај и ќе продолжам да го почитувам судскиот процес додека Хантер ја разгледува опцијата за жалба“, изјави американскиот претседател.

Портпаролот на Џо Бајден неколкупати има изјавено оти тој не би го помилувал својот син.

За време на судењето, поротата го чу сведоштвото на Кетлин Бјул и Зои Кестан, поранешна жена и поранешна девојка на Бајден, соодветно. Тие зборуваа за неговата зависност од крек кокаин.

Кестан вели дека Хантер почнал да пуши крек кокаин во рок од десет минути откако првпат се запознале и дека пушел редовно (речиси на секои 20 минути) во периодот кога го купил оружјето.

Хали Бајден, поранешна партнерка на Хантер Бајден, вели дека тој ја навлекол на крек кокаин.

Кампањата на Доналд Трамп реагираше на пресудата – во соопштение напиша дека судењето „не било ништо повеќе од одвлекување на вниманието од вистинските злосторства на ‘Криминалното семејство Бајден’“, како што Трамп го нарекува семејството на Бајден во последните месеци. Пресудата на Хантер Бајден доаѓа само неколку недели по пресудата на Трамп, кој беше прогласен за виновен за прекривање на исплатите за аферите со порно ѕвездата Сторми Даниелс и „Плејбој“ моделката Карен Мекдугал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ратко Давидовски од ВМРО-ДПМНЕ не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово

Општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Давидовски не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово, туку ја водеше вонредната седница за елементарните непогоди. Тоа е затоа што Советот...