25 годишен Кумановец ја силувал неговата поранешна сопруга

Тој креирал и профил на социјалните мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга, информира МВР

-

Отсекот за компјутерски криминал и отсекот за општ криминал при СВР Куманово, поднесоа две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга. При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода“, информира МВР.

Лесна заработка, тешки последици – како функционира онлајн пирамидалната шема „Конти“?

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е 'гледај за да заработиш', со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери...