Заев најавува контрапријава за нудење поткуп

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави пред Јавното обвинителство за организиран криминал, на распит за случајот „Пуч“, во кој е четвртообвинет за организиран криминал. Заев не сакаше да коментира ништо за денешниот распит, како што рече, од почит кон постапката.

Во одговор на новинарско прашање, Заев најави кривична пријава за нудење поткуп. Тој тврди дека една година некој се обидувал да го мести со нудење пари и дека се работи за осмислено местење.

– Една година и нешто повеќе, се мачат како да ме наместат. На сите начини се обидуваат тоа да го направат. Се подготвува кривична пријава, која ќе биде доставена од моја страна за осмислено нудење поткуп и за осмислено договарање за местење поткуп. Ако имаше местење со давање пари, тоа ќе беше објавено сигурно од страна на, не би ги нарекол веќе државни органи, туку партиски органи – вели Заев.

Заев на вчерашната трибина на СДСМ го објави и името на човекот што, според него, соработувал со власта и се обидувал да го намести. Станувало збор за Иво Сачивалиев од Струмица, сопственик на струмичка конзервна фабрика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...