fbpx

Протест за Тамара и црвен картон за Тодоров на 24 февруари

-

Во вторник, 24 февруари, точно напладне, граѓаните ќе маршираат за да го искажат својот револт за смртта на малата Тамара Димовска од Велес.

Маршот ќе почне пред Фондот за здравствено осигурување, а ќе заврши кај Министерството за здравство. Присутните ќе повикуваат на одговорност за смртта на Тамара, која почина чекајќи го решението од ФЗО за да замине на операција во Турција.

Протестот насловен „Црвен картон за Тодоров“ го организираат група граѓани и е објавен на социјалната мрежа „Фејсбук“ .

Протест за Тамара се одржа викендов во Велес.

Операцијата на Тамара ќе го чинеше Фондот само 30.000 евра.

 

Мапа-протест-тамара
Кликнете за поголема фотографија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Македонија сол се јаде двојно повеќе од дозволеното, ИЈЗ излезе со нови препораки

Светската здравствена организација (СОЗ) препорачува дневен внес на сол во организмот не повеќе од 5 грама на ден, а во Северна Македонија просечен дневен внес на ден е 12,1...