Здравствената состојба на словачкиот премиер Фицо е стабилизирана, но сè уште сериозна

Приведено е осомничено лице по вчерашниот обид за атентат врз Роберт Фицо

-

Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој вчера беше застрелан петпати, е стабилизирана, но e сè уште сериозна, изјави вицепремиерот на Словачка Роберт Калинак, пренесува Би-би-си.

Фицо беше застрелан додека ја поздравувал толпата пред културен центар во градот Хандлова, каде што се одржал владин состанок. Вчера медиумите известуваа дека Фицо бил во животозагрозувачка состојба.

Станува збор за првиот обид за атентат врз европски премиер во дваесет години.

Приведено е осомниченото лице, кој неофицијални извори велат дека е 71-годишен автор и политички активист. Министерот за внатрешни работи Сутај Есток го опиша вчерашното пукање како „политички мотивиран обид за атентат“.

Премиерт Фицо е контроверзен политичар. Тој се врати на власт во Словачка по изборите во септември минатата година со популистичко-националистичка коалиција. Стана познат надвор од границите на Словачка откако повика на прекин на воената помош за Украина и санкциите кон Русија.

Во својата држава, пак, тој е исто така познат по тоа што често има конфликти со новинари, кои редовно ги навредува и смета дека вршат „хајка“ против него. Имено, вчера исто така во словачкиот парламент се дискутираше предлогот на владата да се укине државната телевизија РТВС.

Илјадници луѓе изминатата недела протестираа против укинувањето на националната телевизија. Вчера беше откажан откако излезе веста за стрелањето на Фицо.

Вчера по социјалните мрежи се ширеше видео во кое човек, кој се смета дека е осомничениот, вели дека не се согласува со ставот на владата спрема медиумите. Би-би-си не потврди дали човекот во видеото е навистина приведеното лице.

Министерот за животна средина и вицепремиер Томаш Тараба изјави дека смета дека пукањето е резултат на „лажните наративи“ на опозицијата.

„Нашиот премиер неколку пати во минатото спомна дека се плаши дека тоа ќе се случи. Тој предупреди дека начинот на којшто власта беше нападната со лажни наративи може да ја предизвика прекумерна реакција кај луѓето и да доведе до вакво нешто“, вели Тараба.

„Многу од вас бевте тие кои ги сееја семињата на омраза“, им рече министерот за внатрешни работи Есток на новинарите на прес-конференција.

ИзворБи-би-си

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...