Полицијата сè уште трага по осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци

Полицијата сè уште трага по кавадарчанецот, осомничен дека вчера попладне убил три лица во нивниот дом во градот.

Осомничениот смртно ги застрелал родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга, пренесуваат дел од медиумите.

Од велешката полиција иформираат дека пријавата за случајот кај нив пристигнала вчера околу 16 часот.

– Убиени се три лица, на возраст од 33, 56, 61 година. Јавен обвинител и увидна екипа на полицијата извршија уврид на местото, каде што се подиганти чаури и траги кои се дадени на натамошно вештачење. Во лицата е стрелано со огнено оружје, калибар 9 милиметри. Имаме осомничено лице и полицијата во моментот трага по него – изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Како што пренесеуваат некои медиуми, кавадарчани кои живеат на улицата каде се случило убиството, изјавиле дека член на семејството претходно пријавувал семејно насилство од осомничениот, но никој не реагирал.