Спасовски ќе ја промовира „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“

Денеска во 11 часот, во ЕУ-инфоцентарот ќе се одржи промоција на „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“, која, како што информираат од МВР, е еден од клучните документи од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капицитетите на полицијата“, финансиран од Европската унија.

На презентацијата, свои обраќања ќе имаат раководителот на одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи во Делегацијата на ЕУ, Лукаш Холуб, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и Андреа Д’Анџело, директор на проектот.

На настанот, како што е најавено од МВР, ќе присуствуваат и допoлнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски.

„Стратегијата за развој на полицијата ги идентификува потребите и потенцијалите и ги дефинира развојните приоритети на Бирото за јавна безбедност за наредните пет години. Овој стратешки документ е изработен во рамките на широк консултативен процес и во соработка со претставниците на надлежните организациски единици во Министерството за внатрешни работи, Jавното обвинителство, судството, академската заедница, невладиниот сектор, медиумите и граѓаните“, соопштуваат од МВР.