fbpx

Во Скопје нема очила за сонце како тие на премиерот Груевски

-

Очила за сонце „мајбах“, какви што носи премиерот Никола Груевски, нема во продавниците во Скопје, провери „Мета“. Владата вчера излезе со демант на информацијата објавена во некои од медиумите дека Груевски носи очила за сонце „мајбах“, кои чинат 60.000 долари.

– Очилата за сонце воопшто не се дијамантски или луксузни како што неточно се наведува, туку се обични очила за сонце, купени по просечна цена, какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје – се вели во демантот на Владата.

„Мета“ направи обиколка низ оптики во Скопје и побаравме очила за сонце „мајбах“, какви што, според логото на очилата за сонце на фотографиите, носи премиерот Груевски.

Во дел од нив, веројатно првпат слушајќи за брендот, на прашањето дали имаат очила за сонце „мајбах“, нè препрашаа уште еднаш за името. Во други, пак, вработените одговарајќи дека нема, само се насмевнаа.

Во оптиките во кои се јавивме, исто така, ни рекоа дека немаат такви очила и ни беше нагласено дека и во сите оптики со кои соработувале немале, па ни посочија дека, можеби, се купени од странство или на фришоп.

И на официјалната страница на „Мајбах“, Македонија не е меѓу земјите каде што се продава овој бренд, ниту, пак, вршат достава на своите производи.

На објавените фотографии од премиерот, јасно се гледа дека станува збор за брендот „Мајбах“, а во демантот на Владата не беше посочена марката, ниту цената на очилата што ги носи премиерот.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, јавно го предизвика премиерот Никола Груевски, кога тој ќе си дојде од Израел, како што вели, „заедно, рака под рака (може и без обезбедувањето, јас гарантирам за неговата безбедност) да одиме до оптичарата во Скопје каде ги има купено наочарите за сонце. Ако се со „просечна цена“, како што тврди Владата, јас купувам еден пар и ги поклонувам на првиот случаен минувач“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...