fbpx

Продолжуваат активностите за конзервација и за реставрација на Златковата кула во Кратово

-

Стручните екипи на НУ Конзерваторски центар интензивно работат на подготовките за почнување на работите за реализација на проектот за конзервација и за реставрација на Златковата кула во Кратово, значаен споменик на културата од 14 век.

Во согласност со проектот, ќе се почне со реставрација на ентериерот на кулата и со негова адаптација во простор за афирмација на културата и на културниот туризам во Кратово, како и реализација на проектот за електрика и за илуминација. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на годинава.

Златковата кула, на која претходно беше извршена конзервација на архитектурата, претставува градба на три ката, а името го добила според последниот сопственик, Ѓорги Златков. Според проектот, во кулата ќе биде отворена сувенирница со предмети карактеристични за кратовскиот крај, културно-информативен центар, како и спомен-соба со постојана историска поставка посветена на македонскиот православен светител св. Ѓорги Кратовски.

Претходно во Кратово беше извршена реконструкција на Саат-кулата, како и ревитализација на Симиќевата кула, која е веќе отворена за јавноста и во која е изложена постојаната поставка „Карпошово востание 1689 година“.

Проектот за конзервација и за реставрација на Златковата кула се реализира со поддршка од Министерството за култура и со грантот за заштита на културното наследство на Амбасадата на САД во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...