fbpx

„Паркинзи на општина Центар“ го доби спорот со „Никофон“

-

Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ денеска го добило спорот со друштвото за сервисирање, трговија и услуги „Никофон“.

Како што известуваат од претпијатието, Основниот суд Скопје 2 констатирал дека „Никофон“ го нарушил мирното и непречено стопанисување на ЈППОЦ со јавното паркиралиште кај Аутомакедонија, на улицата Мито Хаџи-Василев Јасмин, и дека тужениот самоиницијативно поставил дрвени палети со метални синџири на дел од паркиралиштето.

„Дополнително, Судот го задолжува „Никофон“ во иднина да се воздржи од вакви дејства и да ја врати првобитната состојба на паркиралиштето. Имено, на овој простор „Никофон“ најавил дека ќе гради нова катна гаража, на чиј предлог и граѓаните се спротивставија со дежурање на просторот пред нивните згради за да го спречат „Никофон“ да ја реализира оваа идеја. Тие велат дека на неколку метри веќе има катна гаража и уште една иста таква би им го нарушила секојдневното живеење“, пишува во соопштението на ПОЦ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...