Во стампедо за време на аџилак во светиот муслимански град Мека, загинаа 150 лица, а 400 аџии се повредени, објави службата за цивилна одбрана на Саудиска Арабија.
Турканицата се случила во Мина, населбата на Мека, која традиционално нуди привремено сместување за стотици илјади аџии.
Муслиманите во светот денеска го слават светиот ден Курбан-бајрам. Приближно 2 милиони аџии отпатуваа до Мека за прославата.
Пред две недели стотина луѓе загинаа во Мека, кога градежен кран падна врз џамија.