Владата ќе ја анализира изградбата на пругата кон Бугарија

На својата 77. седница, денеска Владата ќе разгледува неколку точки, меѓу кои и информацијата за изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка, за периодот до 15 мај годинава.

Ќе се расправа и за предлог-законот за изменување на законот за данокот на додадена вредност, како и за предлог – законот за изменување и дополнување на законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница Владата исто така, ќе ги разгледа предлог – програмите за изменување на програмите за финансиска поддршка во земјоделството, во рибарството и аквакултурата и за поддршка на руралниот развој – сите за тековната, 2018-та година.