fbpx

Утре напладне протест на граѓаните исклучени од „Топлификација“

-

Утре, во 12 часот, пред Порта „Македонија“ ќе се одржи 53. протест на граѓаните исклучени од „Топлификација“.

На протестот ќе се зборува за проблемите што исклучените од „Топлификација“ ги имаат при судењата во Основниот суд.

– Секој исклучен од „Топлификација“ досега е тужен седум пати. Основниот суд, речиси по правило, ги одбива барањата за спојување на постапките на овие седум парници. Поради ова исклучените од „Топлификација“ ќе мораат да платат седум пати поголеми адвокатски и судски трошоци. А од оваа постапка на Основниот суд директна корист имаат адвокатите што ги ангажираше „Топлификација“ и самата „Топлификација“ -пишува во соопштението на граѓаните.

Учесниците на протестот најавуваат дека во „бомбата 52“, за која ќе се зборува на утрешниот протест, ќе бидат обелоденети факти и докази колку пари се ограбени со парното од корисниците на средства од буџетот на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...