Трамп и Путин телефонски разговарале за судирот помеѓу Израел и Палестина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина.

– Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина – изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Москва.

Путин потенцираше дека односите помеѓу Израел и Палестинците се далеку од тоа што посакува Русија.

„Трамп му изјави и сочувство на Путин поради падот на рускиот патнички авион, при што загинаа 71 човек“, соопшти Кремљ.