fbpx
Таг: Зоран Ангеловски

таг: Зоран Ангеловски

Директорот на ОТА закажа, па откажа прес-конференција

Директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски вчера ги повика медиумите на прес-конференција која што требаше да се одржи денеска од 11 часот, но утрово од неговиот кабинет стигна соопштение дека се одложува пресот на неодложено време поради итни и неодложни работи. Инаку, мандатот на актуелниот директор на ОТА истекува утре, а негов наследник не е избран, при што останува...

Директорот на ОТА: „Бомбите“ никогаш нема да се повторат

Директорот на новата Оперативна техничка агенција (ОТА) Зоран Ангеловски, соопшти дека Агенцијата, која ја презема опремата за прислушување од УБК и која ќе ја има контролата врз следењето на комуникациите, денеска официјално почнува со работа во полн капацитет. На заедничката прес-конференција во Владата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ангеловски рече дека контролата врз работата на ОТА ќе биде...

Директорот на ОТА на средба со собраниската комисија за надзор на прислушувањето

Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана. Средбата се случува пред најавеното почнување со работа на ОТА, на 1 ноември, како што...

Формирањето на ОТА се уште е финансиска енигма

Надлежните институции си ја префрлаат топката за одговорот на прашањето, колку ќе чини формирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА), новото тело кое ќе раководи со опремата за прислушување во земјава. Собранието денеска го изгласа Зоран Ангеловски за директор на ОТА, но се чини дека никој не знае колку пари од буџетот се предвидени за имплементацијата на новиот Закон за ОТА или...

Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на ОТА

Со 83 гласа „за“, Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), чиј што мандат ќе биде пет години. Предлогот, Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати. По изборот на Ангеловски, 59. седница беше прекината и ќе...

Зоран Ангеловски едногласно предложен за директор на ОТА

Собраниската Комисија за избори и именување го избра поранешниот разузнавач Зоран Ангеловски за директор на Оперативно техничката агенција (ОТА) во која треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). По изборот во Комисијата, следува гласање на пленарна седница во Собранието. Законот за ОТА (Оперативно техничка агенција) беше донесен на 12...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...