fbpx
Таг: Вистината за Македонија

таг: Вистината за Македонија

СДСМ: Пешевски му го чува стравот на Груевски од губењето на изборите

Катастрофалните економски резултати се главна одлика на господинот „дил-ориентед“ и на неговиот претпоставен Никола Груевски, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Владимир Пешевски. - Дали Владимир Пешевски сака да му го чува стравот на Никола Груевски од губењето на власта или својот страв. Тоа e оној Владимир Пешевски за кој Никола Груевски рече дека е „дил-ориентед“, во еден од објавените разговори...

Од четири до десет години затвор за објавување на „бомбите“, предвидува законот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ

Затворски казни од четири, пет, осум и од десет години се предвидени за објавување на аудиоснимки и на транскрипти од прислушуваните разговори. Со законот што денеска на прес-конференција го најави координаторот на ДУИ, Талат Џафери, а се однесува на прислушуваните разговори, се утврдува забраната за поседување, обработка, јавно објавување преку медиуми, социјални мрежи, веб-портали и во која било друга форма...

Заев: помошта од Црвенковски е добредојдена

„Добредојдена е секаква помош, особено од искусни луѓе, како што е поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски“, изјави денеска лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на прашање на „Мета“ дали нешто конкретно било договорено меѓу него и Црвенковски во средата на средбата на Бихаќка,  околу вклучувањето на поранешниот лидер на СДСМ во проектот „Вистината за Македонија“. - Поранешниот претседател на државата...

СДСМ од Велес: Да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија

Социјалдемократскиот сојуз на Макеоднија вечерва одржа марш, а потоа и собир со велешани, пред кои се обрати лидерот на партијата, Зоран Заев, во рамките на проектот „Вистината за Македонија“. Претходно, дел од раководството на СДСМ имаше средби со граѓаните на Велес. - Придружете се, во заедничка битка да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија - ги повика велешани заменик-претседателката на...

Манчевски и Милевски се сретнаа со Кадик

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, денеска се сретнаа со Даниел Кадик, директор на Фондацијата „Фридрих Ноиман“ за Југоисточна Европа. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација. Било заклучено дека во земјата се нарушени демократските процеси и човековите права од недемократското владеење на власта, а доказ за тоа бил процесот што го води СДСМ, „Вистината за...

СДММ почна да издава герилски весник

„Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) почна проект за дознавање на „Вистината за Македонија“, за криминалите на власта, за нејзината забеганост и алчност. На терен, на пазарче, плоштад, на автобуска станица, за изворно да се слушнат и коментарите на граѓаните, но и да ја презентираме алтернативата, за повеќе да не се повтори ова зло. И покрај медиумскиот мрак и обидот...

Стојанче Ангелов на МРТ ѝ ги достави снимките од прислушуваните разговори

Стојанче Ангелов, поранешен генерал на АРМ,  вечерва до Македонска радио-телевизија ги достави снимките што СДСМ вчера ги објави и побара да бидат емитувани во ударниот термин на информативниот сервис. Со десетици поддржувачи, тој со овој гест побара МРТ да се ослободи од политичкото влијание и да престане да ѝ служи на партијата на власт. Ангелов рече дека доколку не бидат емитувани вечерва, нема да ги...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...