Стојанче Ангелов на МРТ ѝ ги достави снимките од прислушуваните разговори

Стојанче Ангелов, поранешен генерал на АРМ,  вечерва до Македонска радио-телевизија ги достави снимките што СДСМ вчера ги објави и побара да бидат емитувани во ударниот термин на информативниот сервис.

Со десетици поддржувачи, тој со овој гест побара МРТ да се ослободи од политичкото влијание и да престане да ѝ служи на партијата на власт.

Ангелов рече дека доколку не бидат емитувани вечерва, нема да ги сопре своите активности и дека утре ќе побара средба со менаџерите за на тој начин да ја принуди МРТ да работи во интерес на граѓаните.

Тој посочи дека ова го прави за граѓаните да ги слушнат разговорите и самите да донесат суд за нивната вистинитост.