fbpx
Таг: субвенции

таг: субвенции

МЗШВ: Нова субвенција од два денари за килограм откупени сливи

Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на нова мерка за стабилизирање и решавање на проблемот со откупот на сливи, информираше на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои извршиле откуп на сливи...

Сугарески најави нов тендер за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании

Новиот јавен повик за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании ќе биде објавен деновиве, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи во Велес на новинарско прашање поврзано со укинувањето на неколку авиолинии од страна на унгарската „Визер“, која беше единствено пријавена компанија на тендерот што Владата го поништи минатата седмица. – Минатата недела беше поништена постапката во делот на...

Поништена постапката за субвенции за авиопревозници

По предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, Министерството за транспорт и врски ја поништило постапката за доделување на финансиска поддршка. На јавното отворање на барањата, на 27 јули, имало само една понуда, којашто не била доставено согласно условите, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не би наведен полниот назив и адреса на...

Општина Чаир ќе доделува субвенции за велосипеди

Општина Чаир денеска ја пушти во употреба велосипедската патека на улицата Втора Македонска бригада и соопшти дека ќе доделува субвенции за велосипеди. Новата велосипедска патека е поставена на коловозот на улицата и е обележана со пластични конуси. Таа беше поставена заедно со Град Скопје, а завршувањето на работите денеска свечено го одбележаа градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и  Сенад...

Обвинителството оформи предмет за грантовите на Фондот за иновации

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој. Како што соопштија од Обвинителството, се преземаат дејствија за истражување евентуални кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на...

Во август нов договор за субвенционирани летови од македонските аеродроми

Нов договор за доделување финансиска поддршка од државата за воведување нови дестинации од македонските аеродроми треба да биде потпишан во август годинава со авиокомпанија што ќе биде избрана на повикот што за таа намена го објави денеска Министерството за транспорт и врски. Со тендерот на кој понуди ќе може да се доставуваат до 27 следниот месец, кога ќе има нивно...

Субвенции за годишен одмор добиле 1.300 работници со ниски примања

Од 1.900 пријавени работници на огласот од 2 април до 31 мај годинава, 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор за работници со ниски примања, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој појасни дека со тоа се доделени 20 милиони денари, од вкупно предвидените 30 милиони, а остатокот од парите ќе биде доделен на огласот...

Рокот за аплицирање за земјоделски субвенции истекува на 12 јуни

На 12 јуни годинава завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително и сточарско производство, соопшти денеска директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски. Тој додаде дека досега аплицирале 64.448 земјоделци, но се очекува бројката да биде зголемена до 8.000. Тој ги повика земјоделците да аплицираат навреме за побрзо да се обработат барањата и средствата да се исплатат. Апликациите за субвенции може...

Град Скопје има буџет за уште околу 300 барања за субвенции за велосипеди

Град Скопје ги информира граѓаните дека од објавениот jавен повик на 21 април до денеска, се поднесени 2.860 барања за субвенции за купување велосипед. „Според предвидените финансиски средства за оваа намена во буџетот на Град Скопје, преостануваат средства за уште околу 300 барања. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот,...

Воведена директна авионска линија Скопје – Варшава

Денеска се воспостави нова авиолинија Варшава - Скопје - Варшава која ја реализира „ЛОТ-Полиш ерлјанс“, шест пати неделно. Просечната цена на повратен билет изнесува 120 евра. Со оваа линија ќе се овозможи конекција од Варшава до повеќе дестинации во Источна и Западна Европа, Скандинавија, САД и Канада. „Со новата авиолинија Варшава – Скопје – Варшава создаваме можност за зајакнување на економските...

Исплатата на субвенциите за тутунот ќе почне в четврток

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, ќе почне в четврток информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка, во земјоделството и руралниот развој зголемени субвенции ќе добијат над 23.400 тутунари, по просечна цена од 217,6 денари за килограм. „Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017,...

Субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе се исплаќаат од следната недела

Денеска во Службен весник се објавија измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, со што, се создадоа законски услови за навремена исплата на субвенциите, меѓу кои е и исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Дел од измените на овој закон предвидуваат одложување на важноста на условите за...

СКМ: Компаниите да ги искористат можностите од Законот за финансиска поддршка

Со усвојувањето на новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите, се операционализираат дел од предлог-мерките кои Стопанската комора на Македонија ги предложи уште во 2010 година, информират од СКМ. Од таму додаваат дека „мерките за поддршка кои ги предвидува овој Закон, за компаниите ќе значат можности да постигнат многу подобри резултати, да го прошират производниот асортиман, да го зголемат бројот...

МЗШВ: Петте нови закони носат придобивки за земјоделците

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска порача дека петте закони од област на земјоделството што вчера беа изгласани од Собранието, ќе донесат бројни придобивки за земјоделците и дополнителна заштита на нивните интереси. Станува збор за законите за земјоделство и рурален развој, за ловство, за рибарство и аквакултура, за консолидација на земјоделско земјиште и за семенски и саден материјал...

Рокот за поднесување барања за субвенции продолжен до 12 јуни

Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018, наместо до 15 мај, ќе биде до 12 јуни годинава. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пролонгирањето на рокот е по барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјасниле дека нема да имаат време до првичниот рок - 15...

Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозје

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Исплатата е за дополнителната субвенција од два денари за килограм грозје предадено во домашни винарски визби. Мерката беше донесена лани со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017, со цел да им се...

Николовски: Деновиве ќе биде исплатена дополнителната субвенција за лозарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешниот состанок со винарските визби, на кој учествуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, порача дека лани се исплатени сите обврски и субвенции за лозарите и винарските визби, а наскоро треба да стартува и исплатата на дополнителната субвенција од по два денари. -...

Град Скопје ќе субвенционира и велосипеди за лица со посебни потреби

Град Скопје ќе издвои 10 милиони денари за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди, информираат од таму. „9 милиони денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на велосипеди, а 1 милион денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на рачни велосипеди или рачни велосипеди со електрично помагало за лица со посебни потреби“, информираат од Град Скопје. Со оваа...

Град Скопје ја почна постапката за субвенции за печки на пелети

Град Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Сите што ќе купат печки на пелети од денеска до 21 мај годинава може да конкурираат за субвенцијата во висина од 70 отсто од цената на печката. Сепак, износот на субвенцијата може да биде...

Штефан Петер: Ќе има пораст само ако компаниите лесно ги добиваат субвенциите

Планот за економски пораст на Владата е доста ветувачки, позитивно е тоа што еднакво ги поддржува домашните и странските компании, одговори денеска на новинарско прашање претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, при Стопанска комора на Македонија. Тој додаде дека транспарентноста на владата во субвенционирањето на компаниите не само што е добра, туку е и неопходна мерка бидејќи станува збор...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...